Од еден од резервоарите за складирање во јапонската нуклеарна централа Фукушима истекува радиоактивна вода, соопшти во вторникот компанијата што управува со електраната, Токио електрик пауер (ТЕПКО), пренесува „Макфакс“.
ТЕПКО претходно соопшти дека од два од седумте големи подземни резервоари истекува вода од саботата, а можеби и од претходно.
Најновото течење е забележано на резервоарот во кој е префрлувана вода од еден од двата резервоари од кои веќе течеше водата.
Од едниот резервоар можно е да истекле 120 тони радиоактивна вода, а од другите два истекле помали количини. Се верува дека оваа вода не дошла до океанот.
OhridNews
извор: „Макфакс“