Левиот бек на Чеховски Медведи, Александар Деревен е најновото засилување на македонскиот вицешампион Вардар.
Тој во редовите на „црвено црните“ ќе премине по завршување на сезоната како слободен играч бидејќи му завршува договорот со рускиот клуб.
22-годишниот Деревен е еден од најперспективните ракометари во Русија, а Вардар успеа да го обврзе на три години.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.