Младинците и катедите на ФК Охрид по добриот успех, во турбо ритам ја завршија турнеата во јужната Холандска провинција Лимбург. Според тренерот на младинците, Борче Џајкоски, играчите и водичите се враќаат задоволни кон Охрид. – Целта ни беше децата сами да видат како се работи во фудбалот во друга држава, видоа какви се условите, какви се терените, да комуницираат со странски фудбалери, да има дружење во нашиве екипи како и да стекнат искуство. Сепак Холандија е за мене мајката на фудбалот. Среќни сме со ова патување. Тоа останува – вели Џајкоски.


 

Ова гостување и сите натпревари ги договори нашиот сограѓанин Зоран Гулев кој живее во Холандија. Гулев е голем љубител на фудбалот и работи како скаут за млади во Холандскиот прволигаш ВВ Венло. Преку агенцијата Џале-Турс од Охрид целата македонска екипа беше деновиве сместена во замокот де Беркт во Баарло, во близиниа на Германската граница.

Сопственикот на ова агенција живее скоро 37 години во овај Холандски регион и тој им обезбеди простор во замоков кој е изграден во 12-иод век на аристократски стил. До пред 100 години просторов се користеше како манастир, а сега се издава како хотел. Во чиста природа, во зеленило на рекреативно место. Замоков е познат за мирување, за релаксирање и за добивање на нова инспирација во душата.


Иако посетата беше кратка и патот со автобус (36 сати) им беше долг, кадетите и младинците на ФК Охрид донесоа во понеделник енергија од Македонија и ѕидовите од замокот можда им поможија исто со некоја сила. Во три дена  младинците и кадетите одиграа по 4 натпревари. – Да, точно е дека програмата ни беше интензивна. Ама мораше, поканети сме, а кај екипите имаше желба да се игра. Од ВВ Венло по 8-9 скаути не следеа на секој меч. – рече тренерот на младинците кој со позитивно чувство се враќа за Охрид.

Се изненадив од фудбалската љубов во Холандија. Во секој град и во сите мали села има фудбалски клубови, услови, има се. Секој еден клуб има по 300 членови. Се` е средено со помош од родители кои помагаат во клубовите на доброволна база за било што. Се за децата и за спортот. Кај нас во Охрид да има вакви услови и родителите да се активираат ќе напредуваме и ние. Но сите знаеме дека е засега тешко кај нас, вели Џајкоски.


Кадетите под раководство на тренерот Ѓоце Крстаноски победија четири пати а младите изгубија два натпревари. Младите во четвртокот играа против регионална селекција од провинцијата Лимбург. Во ова екипа се нај добрите 11 фудбалери од тој регион. ФК Охрид во утринските часови изгуби со 2-0 од ова регионална селекција.- Најважно е дека ги победивме младите и кадетите на ВВ Венло. Тие се дел од прволигашот Венло и то е за нас голем успех– нагласува Џајкоски.

И Џајкоски е свесен дека неможе и не треба да се споредува Холандската и Македонската спортска култура со сите можности и услови. И тој и а сите други охридски водичи на ова турнеја се реални дека со ова Холандско искуство (кратко и вредно) ќе можат да направат нешто во Македонија. Да ги пренесат нивните искуства за подобра спортска иднина за цел Охридски регион.


 “Гледавме, видовме и научивме,” заклучув Џајкоски. Посетата заврши во кантината на ВВ Баарло со настап на еден локален пеач. Тој ги развесели сите со Лимбургска музичка култура: карнавалски Холандски песни и со неколку Англиски. На крај фудбалерите на ФК Охрид го презедоа микрофонот и ја испеа наглас “Македонско Девојче“.


Во меѓувреме проспекти и реклами од Охрид се делеа по масите, а имаше и Холандско мезе. Во ист момент возачите на “Пупе Компани“ се подготвуваа за долгиот пат од 2300 км кон татковината.


Сега само здравје, какви се записниците, критиките и пофалниците од скаутите на ВВ Венло за сите 38 фуДбалери од ФК Охрид? И можда некој од овие Охридски фудбалери да добие покана за да игра некогаш во Холандија? Е тогаш целата оваа турнеја ќе се исплати. Не во пари туку во успех и надеж за други деца во Охрид. Дека сеж е можно. Дека постои и Македонскиот сон.

 

Владо Вељаноски
репортер Холандска Национална Телевезија НОС
фото : Len Gielen