Јавноста во Охрид ја вознемири веста за ново грозоморно убиство. Случаен минувач вчера попладне покрај патот за селото Велестово забележал мртво тело на маж на околу 30-годишна возраст. Случајот го пријавил во полиција која веднаш започна истрага.

СВР Охрид од претпазливост до синоќа официјално не го потврди идентитетот на жртвата, но неофицијално дознаваме дека се работи за лицето Александар А.(31) од Охрид.


На телото на убиенот биле видливи знаци на насилство. Дознаваме дека телото на убиениот било монструозно искасапено со секира. Убиството  најверојатно се случило во средата вечер, кога, неофицијално, распарченото тело на жртвата од автомобил било расфрлано покрај патот кој води кон Велестово. Телото на жртвата по идентификацијата  е предадено на судска медицина во Скопје. 

СВР Охрид информираше дека на информативен разговор синоќа бил повикан братот на убиениот, а на терен се ангажирани сите расположливи ресурси на полицијата. На случајот работоти и екипа на МВР која синоќа допатува од Скопје.

Завчерашното е четврто убиство оваа година во охридско. На 30-ти ноември во с. Слатино син ја уби својата мајка по што и се предаде на полицијата. На 25 април пред својот дом на ул. „Лазо Трпоски“ беше усмртена 24-годишна девојка, а еден месец порано по љубовна расправија во населбата Воска велешанец уби охриѓанка по што се самоуби.

Ohridnews