Ресторанот во хотелот „Скај Корнер“ има нов, топол амбиент и ново ексклузивно француско мени со храна која ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови. А, за уживањето да биде комплетно, ќе се погрижи групата „Евергрин“. Овој петок, 13 декември, не пропуштајте ја одличната понуда на „Скај Корнер“, навреме резервирајте маса, и уживајте во врвни специјалитети и одлична музика.

Дел од средствата „Скај Корнер“ во соработка со лајонс клубот „Лихнидос“ ќе ги донира во хуманитарни цели.

Одличната викенд понуда  на „Скај Корнер“ ја надополнува освеженото мени за неделниот речек. Оваа недела, 15 декември, на менито за ручек во „Скај Корнер“, внимателно креирано за сите сладокусци има: Крем салата, мариниран црн домат, киселен зеленчук, Бистра зеленчукова супа, Свинска коленица со кисела зелка и Пита од јаболка.

Ваше е само да го изберете друштвото и навреме да резервирате маса за неделниот ручек, најдоцна до петок, 13 декември.

OhridNews