Денеска беше пуштено во употреба новото детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“ кое Општина Охрид го опреми со донација на „Халк банка“.
На пригодниот настан присустуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и генералниот извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје, Билал Суџубаши.
Градоначалникот упати благодарност за оваа донација со надеж за идна заедничка соработка. Тој истакна дека овој проект треба да биде поттик и пример за останатите општествено одговорни компании, да се вклучат и да дадат придонес во активности кои се од големо значење за заедницата.
Детското игралиште кое е опремено со современи детски реквизити, ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици.
Претходно со поддршка на „Халк банка“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, беше опремена сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“.
OhridNews