Во Елшани заврши изградбата на комплетно ново детско игралиште, кое е опремено со соодветни детски реквизите и е поставена специјализирана гумена подлога, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Завршивме со изградба на уште едно детско игралиште. Продолжуваме и во наредниот период со реализација на програмата за изградба и одржување на детски и спортски повеќенаменски игралишта, се вели во објавата.

OhridNews