Со цел да се обезбедат подобри услови за забава и рекреација на најмладите, изградено е ново детско игралиште на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на станбениот комплекс покрај реката „Грашница“, информираат од Општина Охрид.
Поставени се најсовремени реквизити за забава и специјална гумирана подлога согласно безбедносните стандарди. Исто така, поставени се и клупи за седење, заштитна ограда и засадено е соодветно зеленило, велат.
Средствата за изградба на игралиштето се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.
OhridNews