Се гради ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“ во непосредна близина на фитнес зоната.
Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“.Опремено е со најсовремени реквизити, кои се прилагодени и за дечиња со посебни потреби.Се поставува специјална гумирана подлога, во согласност со стандардите за безбедност, напиша градоначалникот Константин Георгиески
Планирана е изградба и на детски игралишта во непосредна близина на ОУ „Григор Прличев“ и во населбата „Црногорци“ во непосредна близина на новиот терен за баскет. Вредноста на трите детски игралишта е 3.446.113 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.
ОhridNews