Деновиве заврши изградбата на ново детско игралиште во дворот на училиштето „Живко Чинго“ во село Велгошти.
Континуирано работиме на подобрување на условите за најмладите. Игралиштето е опремено со најсовремени реквизити за забава и гумирана подлога согласно безбедносните стандарди, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews