Охридската панк-рок дружина, „Комунална Хигена“, деновиве го промовираa својот најнов видео-запис за песната насловена како „Пукот“.

Анимираното видео е дело на охриѓанецот Александар Илиевски, а песната е дел од третиот ЕП албум „Avanti Lychnydos“, кој бендот го промовира пред месец и половина во Охрид. 

Инаку, охридските панкери „КХ“ кои веќе 9 години постојат на македонската алтернативна сцена и зад себе имаат три албуми, за следниот месец најавуваат промоција на албумот во Скопје и Битола.

OhridNews