Новите реформи во Фудбалската федерација на Македонија ќе бидат кобни за охридскиот фудбал. Охрид пред две сезони имаше по еден престанвник во Првата и Втората фудбалска лига, но за само две години остана без ниту еден активен клуб во градот.


Управниот одбор на ФФМ ги изгласа новите промени во фудбалските лиги кои ќе бидат спроведини од наредните сезони. Во целост ви ги пренесувам одлуките на УО на ФФМ за реформите во македонскиот фудбал :

– УО на ФФМ на својата последна седница ги прифати предлозите за промени во системот на натпреварување во Првата, Втората и Третата МФЛ.

Овие предлози ќе бидат доставени на Генералното собрание во јуни и доколку бидат прифатени новиот систем ќе важи за сезоната 2014/2015 со преоден период во сезоната 2013/2014.

Според предложениот систем Првата МФЛ би требало да брои 10 тима кои ќе играат трикружен систем со вкупно 27 кола по што по примерот на Швајцарија и Австрија ќе се формираат мини плеј-оф и плеј-аут лига. Во плеј-офот со пренесени бодови од првиот дел за шампионскиот трофеј ќе се борат првите 6 екипи додека останатите 4 ќе разигруваат за опстанок.

Исто така ќе се скрати и Втората лига од 16 на 10 екипи. И тука ќе се игра трикружен систем од 27 кола по што првопласираните две екипи ќе одат директно во елитата, додека третопласираниот тим ќе игра бараж со 8-мо пласираната екипа од Првата МФЛ.

Тоа значи дека во сезоната 2013/2014, 4 екипи од Првата МФЛ ќе се преселат во понизок ранг на натпреварување, додека од Втората МФЛ дури 8-9 екипи ќе одат во понизок ранг на натпреварување.

Ќе се менува системот и во Третите лиги. Тука ќе се игра двокружен систем со 12 екипи, со вкупно 22 кола. Првопласираните екипи во петте региони ќе играат бараж за Втората МФЛ за три места заедно со осмопласираната екипа од Втората МФЛ.

Мх.П.