Во сабота свечено ќе бидат пуштени во употреба новоизградените и адаптирани простории за вработените во јавните претпријатија Погребални услуги и Гробишта.


Нивната изградба е дел од инвестиционо-проектните активности на ЈП Комуналец поврзани со Градските гробишта во Охрид. Извршено е и реновирање на управната зграда во градските гробишта со цел оформување на функционална целина која ќе ги задоволува потребите на вработените и граѓаните.

Пуштањето во употреба на овие простории е дел од бројните активности со кои годинава ќе биде одбележан 7- ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

OhridNews