Здружението на граѓани за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“ денеска на прес конференција ќе ги објави имињата на новите кумови (кум) за Водици 2009 година.

До здружението, како што дознаваме, пристигнале голем број пријави за кумови на празникот Водици, а покрај охриѓани заинтересирани за кумство биле и наши од дијаспората.

Од „Богојавление“ очекуваат новите кумови да ја продолжат традицијата на достоинствено одбележување на големиот православен празник- Водици во Охрид.

Ohridnews