На свеченост што традиционално  се одржува во ресторанот Св. Софија, денеска беше извршено примопредавање на кумството за Водици. Старите кумови, сопствениците на кафе барот „Немо“, кумството  им го предадоа на Никола Дуданов, д-р Игор Балески и Антонио Бојаџиев.


Примопредавање на кумството

„Помогнавме колку што можевме да ја продолжиме традицијата за Водици во Охрид и се надеваме дека така ќе биде и со новите кумови и дека традицијата после ќе ја продолжат нашите потомци“, истакна стариот кум, Антониот Стружанчев.


старите и новите кумови

“Ни претставува огромно задоволство и чест што годинава ние сме избрани за кумови на Водици во Охрид и ги повикувам сите православни верници да дојдат во што поголем број на фрлањето на крстот“, истакна новиот кум, Игор Балески.


од свеченоста во Св. Софија

Годинава Здружението на граѓани за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“, по петти пат се јавува како организатор на манифестацијата за Водици. По тој повод на неколку членови на управниот одбор на „Богојавление“ ќе им бидат врачени реплики на чесниот крст, во знак на благодарност за нивниот придонес во афирмацијата на верските и културни традиции на Охрид и Македонија.

Како што изјавија од организацискиот одбор се е подготвено за Водици 2008-ма да мине во најдобар ред, а според најавите се очекува по чесниот крст да запливаат  450 капачи, а настанот да го проследат над 10.000 луѓе.

Г . Момироски