Со верски обред денеска во црквата „Свети Никола – Геракомија“ на  Христијан Шапкар, Олег Маленко и Борис Маркулески им беше предадено кумството за Богојавление – Водици. Тие кумството го презедоа од минатогодишните кумови на Водици.


Новите кумови уште еднаш се заблагодарија на укажаната чест и најавија достоинствено одбележување на големиот православен празник.


Подготовките за Водици како што информираат од здружението за целосна афирмација на МПЦ – „Богојавление“ течат според предвиденото. Се очекува овој празничен спектакл годинава да го проследат околу 20.000 граѓани и гости од соседството. Чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро ќе биде фрлен во понеделник во 10 часот кај градското пристаниште.

ohridnews