Швајцарија во своите планинарски домови ќе постават накти за отпад кои мечките не можат да ги отворат. Таква одлука е донесена откако ловочуварите убиле мечки кои во потрага по храна се доближуваат до населени места и ги загрозуваат животите на граѓаните.


Новите канти се слични на старите но со механизам кој мечките не можат да го совладаат, а тестирани се во зоолошки градини. Животните биле во големо искушение бидејќи кантите биле полни со мед, риби и месо.