Измените и дополнувањата на законот за работни односи, на бруто-платата, потребите од поведување дисциплинска постапка во фирмите, искуствата од Европскиот суд за човекови права, инспекцискиот надзор во примената на Законот за работни односи, правното уредување на безбедноста при работа, управната постапка и управниот спор, се темите на кои ќе се расправа на 59-та средба на правниците, што денеска свечено беше отворена во Охрид.


Средбата на која учествуваат над 400 правници, судии и обвинители од државата, ја отвори министерот за труд и социјална политика Џаљаљ Бајрами кој во своето обраќање се осврна на степенот на усогласеноста на македонското закнодавство со ЕУ директивите во сферата на работните односи.

На средбата посебно внимание ќе биде посветено на Законот за работни односи, кој беше искритикуван од eкспертите и синдикатот.

Според претседателот на Здружението на правници на РМ, Димко Миленков, законската регулатива која ги уредува работните односи е добра, но изостанува практична примена. Тое така затоа што во државата се толерира феудална работа по 12 часа на ден, дури и во викенди, што укачува дека  државата им се додворува работодавците, истакна Миленков.


Според ССМ Законот за работни односи не е во согласност со европските директиви. Со него не се усогласени ниту годишните одмори, ниту работното време, со што се кршат работничките права, смета Драган Јовановски од ССМ. Тој кажа дека Министерството за труд не си ја врши својата работа затоа што се толерира прекувремена работа и работа за време на празници  и другите прекршувања на Законот за работни односи. Социјалниот дијалог во Македонија не функционира, и затоа се носат лоши закони во Македонија, додаде, Јованоски.

Ohridnews