Според Здружението на стечајните работници од Охрид вака донесениот Закон опфаќа само мал дел од вкупно шестотини стечајни работници во општината. Оттаму велат дека незадоволство има и во здруженијата на стечајците во другите градови кои ќе го оспорат Законот пред Уставниот суд.
Според законското решение, стечајните работници ќе добиваат месечен надомест од 34% од просечната плата, односно околу 5.000 денари, но со него не се опфатени стечајните работници од 2004 година наваму.