Новиот вирус на свински грип, може да предизвика смртоносна пандемија, најголема во историјата на човештвото. Експертите стравуваат дека „H1N1“ вирусот кој се пренесува од човек на човек може да убие и до 7,4 милиони луѓе.

Поради ваквата најпесимистичката прогноза Светската здравствена организација е на чекор од прогласување пандемија.


Најмногу инфицирани од свинскиот грип има во Мексико, каде и се појави болеста. Досега таа усмрти 165 луѓе, а илјадници се заболени. Лекарите се загрижени зашто само во Мексико има смртни случаи иако болесста е раширена и во САД, а заболени лица од свински грип се регистрирани и во повеќе европски држави и Нов Зеланд. Тие стравуваат дека тоа се должи на фактот што бројот на заблолени во Мексико е многу поголем од регистрираните случаи и дека вирусот е присутен многу подолго отколку што се мислело. Доколку ваквите претпоставки на лекарите се потврдат, веројатно светот не ќе може да ја избегне пандемијата.

Во изминатите стотина години во светот се регистрирани три пандемии од кои најсмртоносна беше пандемијата на таканаречениот шпански грип, од кој во 1918 и 1919 година се разболела 40 отсто од светската популација.

Ohridnews