Новиот видео спот за песната ”Зар не е добро” на екслузивецот на М2 Ламбе Алабаковски деновиве и официјално е пуштен во етер. 
Видео спотот е снимен во Охрид и неговата околина, а комплетен автор на истиот е младиот охридски режисер Даниел Јовески и неговата Sustain Entertainmеnt. Даниел исто се појавува како режисер и на видео спотот за песната „Нема ден, нема ноќ“ од Влатко Лозаноски, кој има летна љубовна приказна. Покрај Ламбе во видео спотот како негова партнерка се појавува прекрасниот фотомодел и ТВ презентер Бона Пауновска. Да потсетиме, музиката, аранжманот и текстот се на Дарко Димитров, а снимена е во студиото Димитрови.
Песната веќе ги исполни сите очекувања, на неколку топ листи во државата се наоѓа на прво место и за брзо време стана вистински летен хит во дискотеките и кафулињата низ Македонија. 
OhridNews