Новиот филм за Супермен, најавен за крајот на 2012 година, во кината ќе се појави шест месеци подоцна од планираното, во јуни 2013 година. Засега не се официјално соопштени причините поради кои е одложена дистрибуцијата на филмот „Супермен: Човек од челик“ во режија на Зек Снајдер.


Главниот лик на новинарот Кларк Кент ќе го игра Хенри Кавил, а Ејми Адамс ја добила улогата на Лоис Лејн. Улогите на родителите кои го посвоиле Кларк Кент ќе ги играат Кевин Костнер, односно Дајана Лејн. Расел Кроу преговара за улогата на биолошкиот татко на Супермен, Џор-Ела.