Претседателот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Паоло Скарони, најави дека новиот градски стадион ќе биде изграден во рок од три години.

Милан и градскиот ривал Интер своите домашни натпревари ги играат на ист стадион, кој во 1980 година беше именуван по легендарниот италијански фудбалер Џузепе Меаца, но во последните години навивачите и на двата клубови почесто го користат името „Сан Сиро“.

Се надеваме дека новиот стадион ќе го видиме готов во 2024, 2025 година. Работите би можеле да почнат кон крајот на идната година, кога ќе бидат завршени сите детали околу планирањето. Со оглед дека тоа е 2022 година, додавам две години градежни работи и тоа е 2024 година. Меѓутоа, сè уште е рано да се прецизира тајмингот кога би завршиле градежните активности, изјави Скарони.

Сè уште не е познато дали „Сан Сиро, најголемиот италијански стадион со капацитет од 80.000 седишта, ќе биде урнат.

 

OhridNews