Спотот за песната S&M на најпопуларната поп пејачка на светот Ријана, веќе е забранет во единаесет азиски земји. Иако спотот излегол само пред неколку дена, веќе предизвикал големи скандали. Ријана во спотот толкува домино дама, си игра со камшик, сексуални помагала, па дури и симулира орален секс.


Глумејќи голема заводничка, таа звоите мажи ги шета на каиш за кучиња. Спотот на Ју Тјуб можат да го гледаат само постари од 18 години, поради што од MTV размислуваат за нова цензурирана верзија на спотот.