Новиот спот на јужнокорејската ѕвезда Псај “Gentleman” за девет дена од објавувањето на Јутјуб имал 200 милиони прегледи. Спотот за песната “Gentleman” премиерно бил прикажан на 13 април и со 200 милиони прегледи, статистички гледано, е еден од најгледаните спотови на интернет, било наведено од Јутјуб.
Во спотот Псај, со препознатиливите очила за сонце, изведува нова танцувачка кореографија на различни локации во и околу Сеул. Јужнокорејскиот рапер светска слава стекнал со хитот “Gangnam Style” и карактеристичниот коњски танц.