Македонскиот бенд „Памперс“ доаѓа од Битола. Нивните почетоци датираат од 2003 година. Познати се по својот прогресивен глам рок, но и по бројните експерименти со другите музички стилови како џез, рок и електронска музика.
Зад себе имаат бројни настапи по фестивали во Македонија, но и во регионот, како што се: Таксират, Битола Отворен Град, Мак Фест, Tree Festival во Солун итн. Настапувале и како предгрупа на турнеите од Рибља Чорба, Мизар, Архангел, Супер Хикс и Ласт Експедишн.
На почетокот на оваа година, бендот ја заврши работата на новиот студиски албум со наслов „Oh, Whatever“. Албумот го снимаа во своето студио, а мастерингот го работеше угледниот американски рок продуцент Beau Hill, кој до сега работел со важни музички имиња како, Alice Cooper, Europe, Gary Moore, Twisted Sister и Chaka Kahn.
„Памперс“ се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски – Дани (соло гитара и придружен вокал),Марк Пурпос (клавијатури), Ален Туко (танапи) и Александар Буневски (бас гитара).
Премиерата на спотот на MTV,е во понеделник, 15. февруари, во 20:00 часот!