Новиот советник запрашан на која политичко- советничка група ќе и се приклони, кажа дека му е потребно време да размисли и дека својот став ќе го соопшти на наредната седница на советот.
Независниот советник Владо Цветкоски се повлекува од Советот на општина Охрид поради неспоивост на функциите кои ги извршува. Од неодамна е назначен за директор на новото јавно претпријатие „Нискоградба“ и не може истовремено да извршува две јавни функции, односно да биде и советник.