Прв случај на пренесување на новиот птичји грип од човек на човек забележан е во Кина.
British Medical journal објави дека 32-годишна жена е заразена откако се грижела за својот болен татко, а двајцата починале, пренесува „Макфакс“.
Ќерката заболела од вирусот без контакт со птици, а по шест дена негување на таткото.
Двајцата починале на одделот за интензивна нега откако им откажале органите. Тестовите покажуваат дека вирусот кај двајцата е речиси идентичен, што докажува дека била заразена од татко и.
Тестирани се уште 43 лица кои биле во близок контакт со нив, но резултатите биле негативни, што укажува на тоа дека способноста за ширење на вирусот е ограничена.
„Ова може да се рани знаци на епидемија“, вели д-р Џејмс Руџ од лондонската установа Школа за хигиена и тропска медицина.
Сите заболени лица од вирусот Х7Н9 до сега се заразени од птици.
Експертите велат дека нема место за паника, и дека овој случај не значи дека вирусот развил посебна и побрза можност за ширење меѓу луѓето.
До 30 јуни во Кина се заразени 133 лица, од кои 43 починале.
Поголемиот број од нив се заразиле за време на посета на пазари на живина или имале близок контакт со нив, недела до две пред да заболат.
извор:„Макфакс“