Поздравна реч пред присутните, на оваа промоција ќе одржат, претседателот на „Галикул”, Тодор Чаловски и претседателот на Друштвото на писателите, Раде Силјан. Во придружната програма стихови од „Сердарот“ ќе интерпретираат Билјана Беличанец-Алексиќ и Симон Беличанец, а ќе настапи и Никола Атанасов на флејта во пијано придружба на Јасминка Чакар.
На 25 март 1860 година за прв пат е објавена поемата „Сердарот“ од Григор Прличев, со која што овој охридскиот поет победи на поетскиот конкурс во Атина и се стекна со епитетот „Втор Хомер“.