Новиот паркинг простор кај Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот „Студенчишта“, со кој ќе стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе биде ставен во употреба на крајот на оваа седмица и ќе биде наменет за паркирање на околу 60 возила, информираат од локалната самоуправа.
Паркирањето на овој простор ќе чини 30 денари за час, а до него ќе се стигнува преку кракот кој води до дирекцијата на ЈП „Охридски комуналец“ , кој се издвојува од магистралниот пат кој води кон манастирскиот комплекс Св. Наум.
OhridNews