По само 2 месеци од излегување на пазарот на новиот “Galaxy S III” од компанијата Самсунг изјавуваат дека бројката на продадени телефони достигнала 10 милиони примероци.
За оваа бројка да биде достигната секој ден од 29ти мај па до денес биле продавани во просек по 190 000 примероци од телефонот.
Самсунг пред само неколку месеци го завзеде првото место како најголем производител на паметни телефони иако продажбата на последниот модел на “iPhone” достигна бројка од 35 милиони примероци.
Новиот “Galaxy S III” на Самсунг е вистинско достигнување и поседува најнапредна техногогија која може да биде вградена во уред од толкава големина.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com