Центар за култура „Григор Прличев“
Од 10.11.2020 - 19:00 до 13.11.2020 - 21:31
Од денеска до 13 ноември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид за прв пат ќе се прикаже новиот македонски филм „Хомо“.
Проекциите се со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.
Филмот трае 91 минута.
Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.
Режијата е на Игор Иванов – Изи, а во филмот играт: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев.
Возрасна Категорија: +16
Проекциите ќе бидат организирани согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.
Г.М.