Овој специфичен и нов тетарски концепт на претставата Пер Гинт, во режија на Слободан Ункоски, на публиката ќе и го долови големиот ансамбл на актери од Македонија , Албанија и Косово. Младиот Пер Гинт ќе биде во изведба на Фисник Зекири, средовечниот е во изведба на Џевдет Јашари и стариот Пер Гинт ќе го одигра доајенот на албанскиот театар во Македонија, Бајруш Мјаку.
-Ова е една од најзначајните дела на светската литература, кој сум имал среќа да го режирам три пати. Многу сум возбуден од фактот што успеавме да собереме една амбициозна млада екипа предводена од двајца искусни актери како што се Бајруш Мјаку и Илка Мујо. Идејата за тоа главиот лик да го играат тројца актери се покажа како одлична. Тројцата актери како три столба ја носат претставата на својот грб и го извлекуваат максимумот од своето актерско мајсторство.-рече режисерот Слободан Ункоски.
Селекторот на драмската програма на Охридско лето Ѓоѓи Јолески рече дека е многу среќен што Слободан Ункоски како еден од најреномираните македонски режисери повторно е дел од Охридско лето.
-Мешаниот авторски и актерски состав го прави овој Пер Гинт, космополитски не само по својата инфраструктура туку и по својата енергијата и пораката што ја праќа до гледачот. -вели Јолески.
Претставата Пер Гинт е копродукција на Албанскиот театар од Скопје, Приштина и Тирана, а финансиски е помогната од трите министерства за култура Сепак, иницијатор и координатор на проектот е Бајруш Мјаку кој за својата апликација во минатата година ја доби наградата – грант на Ибзеновиот фонд од Норвешка.
Претставата ќе настапат и Албулена Круезиу, Амернис Нокшиќи, Влора Никчи, Адриан Морина, Улбер Муртези, Беким Гури, Бесарт Зенели и други актери. Пер Гинт ќе се игра на Албански јазик, но за гледачите ќе биде обезбеден и превод на Македонски јазик.