Скопје, кои деновиве се вратија од екскурзија во Турција, а неколку болни воопшто немале контакт со некој што патувал
во странство. Со последните случаи вкупниот број на региструирани заболени од новиот вирус во Македонијасе искачи на 62.
Министерството за здравство соопшти дека состојбата будно се следи и дека нема место за паника. Македонија располага со доволни количини вакцини и лекот „тамифлу“, а системот е подготвен да одговори на евентуална пандемија, истакна министерот Бујар Османи.
Според податоците на СЗО, бројот на жртвите на грипот А(Х1Н1) во светот го надмина прагот од шест илјади лица седум месеци по појавата на вирусот. До 1 ноември починатите се најмалку 6.071 лице во 199 држави, покажуваат податоците на СЗО.