Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 10 нови пациенти. Со симптоми на грип таму во моментот се лекуваат 63 пациенти.

– Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна. Двајца пациенти се со потешка форма на пневмонија и се уште се на асистирана вентилација, соопшти Министерството за здравство.

Ohridnews