Австралискиот научник Адријан Гибс од Универзитетот Камбера, смета дека свинскиот грип кој го тресе светот “побегнал“ од лабораторија. Според него голема е веројатноста тој да мутирал при лабораториски истражувања на вируси. Во својата теорија која деновиве ќе биде објавена во специјализираните научни списанија, седумдесет и пет годишниот Гибс објаснува дека вирусот “H1N1“ мутирал премногу брзо што го навело на заклучок дека тој е создаден во вештачки услови.
Австралискиот научник кој работел на производство на лекот “Тамифлу“, смета дека новиот вирус на грип од типот А еволуирал пред 7-8 години и изрази зачуденост како тој досега не бил откриен. Гибс не верува дека вирусот е намерно создаден, туку дека се работи за случајна грешка.