Свечената Академија на ОСУ „Свети Климент Охридски“ закажана за 7.12.во 19 часот во Центарот за култура со која требаше да се одбележи Патрониот празник  на училиштето, одложена е како превентивна мерка за заштита од новиот грип, соопшти Локалната самоуправа.

Комисијата за прослави и свечености на училиштето при донесувањето на одлуката за одлагање на Академијата, ги зеде предвид препораките на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Комисијата за пандемски грип за избегнување присуство на масовни настани или простории во кои има повеќе лица како една од превентивните мерки за спречување на ширењето на грипот.

Активностите за одбележување на Патронатот ќе се спроведат интерно, во самото училиште.

Засега останува отворено прашањето дали ваквиот потег ќе го следи и ОУ „Свети Климент Охридски“ за одржување на свечената приредба по повод Патронатот закажана за 7.12. во 17 часот во салата на училиштето, се наведува во информацијата на локалната самоуправа.

Ohridnews