Новиот Џејмс Бонд, “Skyfall”, го соборил рекордот за најголема заработка за време на првиот викенд од прикажувањето во Велика Британија од сите досегашни филмови од популарниот серијал, соопштиле продуцентите. Како што пренеле медиумите, филмот во режија на Сем Мендес инкасирал 20,1 милион фунти од премиерата во петокот во 587 кина ширум Велика Британија.
Продуцентите навеле дека се повеќе од задоволни и дека посебно возбудливо е што сето тоа се случува во Британија, татковината на Џејмс Бонд, во моментот кога серијалот прославува 50 години од првото прикажување. Покрај Даниел Крег, кој по трет пат се нашол во улогата на агентот 007, во филмот играат уште и Џуди Денц и Хавиер Бардем.