Драмата од Втората Светска Војна „Fury“, со Бред Пит во насловната улога, овој викенд на кино благајните во САД и Канда заработила 23,5 милиони долари. Со оваа сума ја надминала заработката на конкурентните филмови и го потиснала хитот „Gone Girl“ на второто место.
Трилерот со Бен Афлек овој викенд заработил 17,8 милиони долари. Аниминарниот филм „The Book of Life“ се нашол на третото место со заработка од 17 милиони долари. Критичарите го пофалиле филмот „Fury“ поради одличната глума и новиот пристап кон жанрот воени драми.