Комичарот Адам Сендлер и неговиот филм “Jack and Jill” ги собориле рекордите освојувајќи награди во дури десет категории, вклучувајќи ги оние за најлош филм и за најлоша улога на годинешното доделување на наградите „Златна малина“ за 2011 година. Фондацијата „Златна малина“ објавила дека комедијата во која Сендлер играл и женска и машка улога е првиот филм во историјата на тие награди кој освоил дури десет ниту малку ласкави признанија.
Оваа година победниците биле прогласени на 1 април. Ал Пачино, кој се играл самиот себе во филмот “Jack and Jill”, бил прогласен за победник во категоријата најлоша споредна улога, а бил спомнат и во категоријата најлош актерски пар со Кејти Холмс. Сендлер освоил награди и како најлош актер и како најлоша акетрка, па учествувал во групната награда за најлоша актерска постава. Филмот исто така добил награди за најлош филм и најлоша обработка, но и за најлоша режија и најлошо сценарио.