Според информациите од Претставништвото на Европската Комисија во Скопје, Соренсен в петок ќе му ги предаде акредитивите на претседателот Ѓорге Иванов.
Во својата досегашна кариера, 44-годишен дански дипломат ја извршувал функцијата личен пратеник на поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Белград и шеф на канцеларија на Унијата во Косово и важи за добар познавач на регионот.
Тој ќе биде вториот дипломат кој ја извршува функцијата амбасадор на ЕУ во Македонија, откако со стапувањето во сила на Лисабонскиот договор функциите шеф на Делегацијата на ЕК и специјален претставник на ЕУ бе обединети. Претходникот на Соренсен, Ерван Фуере беше првиот евродипломат кој ги извршуваше заедно двете функции.
Петер Соренсен е дипломиран правник. Оженет е и татко е на две деца.