“Cart Blanche” би требало да биде името на новиот роман на Џефри Дајвер, според кој ќе се снима новото продолжение на авантурите на Џемс Бонд, а главната локација на која ќе се одвива дејството и ќе се снима филмот ќе биде Дубаи. Џефри Дајвер истакнал дека бил привлечен од егзотичниот спој на пустината и спектакуларните небодери.


Меѓутоа, тој не сакал да открива други детали од приказната која моментално ја пишува. Дајвер бил ангажиран од управителите за оставината на авторот на романите за Џемс Бонд, Иан Флеминг. Инаку Дајвер е познат како врвен писател на трилер романи. Од дваесеттина романи кои ги напишал се истакнува „“Собирач на коски“ според кој е направен и филм.