Новото продолжение на филмовите за Џејмс Бонд би требало во кината да се појави за три години, а наскоро ќе биде познато и кој ќе го режира, соопштило студиото МГМ. Извршниот директор на студиото Гери Барбер рекол дека многу се возбудени и наскоро ќе соопштат кој ќе го режира новиот филм. Во соопштението било наведено дека моментално се работи на сценариото и соработуваат со партнерите. Се радуваат на завршувањето на сценариото и потпишувањето со режисерот.

Режисерот на „Скајфол“ Сем Мендес јасно ставил до знаење дека нема да го сними 24-от филм за Бонд, а и режисерот Дени Бојл исто така не бил заинтересиран за снимање на филм за британскиот таен агент. Кладилничарите сега најмногу шанси му даваат на Гај Ричи, кој во својата кариера има снимено повеќе филмски хитови.