Новиот автопат што со заем од Народна Република Кина ќе се гради од Кичево до Охрид, според проектното решение на Агенцијата за патишта ќе биде долг 56,7 километри.
Како што пишува Вечер, новиот автопат ќе почнува од Кичево, па преку местата Подвис, Пресека и Песочани и ќе води до Требеништа. Оттука трасата преку Подмолје се поврзува со Охрид. На околу два километри од Кичево е предвидена клучката Кнежино со која е решено влегувањето и излегувањето од градот во и од правец на Гостивар и Охрид.
Според проектот, автопатот ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунел „Пресека” со две цевки.
На автопатот ќе се вози по 120 километри на час.
OhridNews
извор:Вечер