Некои навики тешко се менуваат. Неодговорноста исто така. Особено ако не се казнува, како што е тоа случај кај нас. Неодамна реконструираната улица „Асном“, која доби и нов асфалт, вчера беше прекриена со кал од градежна механизација.
Ова не е прв пат улиците низ Охрид да бидат извалкани од градежна механизација поради несоодветен транспорт. Иако во законот јасно е пропишано како се врши превоз за градежни цели тоа не се почитува, а сторителите и фирмите за кои возат минуваат неказнето, додека охриѓани се дават во кал и прашина.
OhridNews