Тоше Проески е при крај комплетирањето на новиот албум, чија промоција ќе биде во септември годинава.

Готови и снимени се седум песни. Се миксаат во Лондон. Би требало да имам уште едно патување, за отприлика месец дена, со цел да ги снимам останатите нумери. На албумот ќе има 11 композиции кои се совршени. Сите песни ги знам и тие ме отсликуваат на некој начин. Мора да признам, на мое задоволство, дека се е во еден рок фазон, рок музика која ја сакам уште кога воопшто почнав да слушам музика и тоа ми причинува посебно задоволство, рече Проески.

Промоцијата на првиот сингл од албумот кој сега е во работна верзија ќе биде во септември потврди Проески.