Славниот британски рок бенд The Rolling Stones на 2-ри декември првпат по 11 години ќе го објави својот нов студиски албум, според соопштението објавено на микроблогот на легендарната група на Twitter, пренесува „Макфакс“.

„The Rolling Stones му се враќаат на блузот со ‘Blue & Lonesome’, својот прв студиски албум во последната деценија“, се наведува во соопштението. Се истакнува дека новите работи се веќе достапни за порачки на официјалниот веб на групата.

Во средата на микроблогот на „камењата“ беа објавени две видеа, на кои се снимени музичарите како свират во студио. Во кадарот се појавуваат вокалистот Мик Џегер, гитаристите Кит Ричардс и Рон Вуд, како и тапанарот Чарло Вотс. Видеото е проследено со написот „Се очекува 6-ти октомври“.

Бендот The Rolling Stones е формиран во 1962 година. Снимија повеќе од 20 студиски албуми, од кои последниот „A Bigger Bang“ беше издаден во септември 2005 година.

OhridNews