Ритам и блуз ѕвездата Ријана ќе го издаде новиот албум на 21 ноември. Албумот, кој сеуште нема наслов, ќе биде шести по ред за пејачката од Барбадос. Прв сингл на албумот ќе биде “We Found Love” кој би требало да го промовира на 11 октомври.


Дискографската куќа сеуште го нема потврдено точниот датум за објавувањето на таа песна. Последниот албим на Ријана, “Loud” од 2010 година бил продаден во 1,5 милиони примероци. Тоа е нејзин втор најпродаван албум после “Good Girl Gone Bad” од 2007 година кој бил продаден во 2,7 милиони примероци.