Шестиот студиски албум на пејачката Пинк ”Truth about love”, кој е во продажба од 14 септември, се нашол на првото место на листата на Билборд, пренеле светските агенции. Албумот бил продаден во 280 илјади примероци во првата седмица од излегувањето и направил трето по ред најголемо деби во 2012 година зад албумот на Џастин Бибер ”Belive” и албумот на Мадона ”MDNA”.
За продажбата на албумот помогнала добрата промотивна кампања, како и понудата на сајтот „Amazon MP3“ на кој албумот се продава за пет долари. Главниот сингл од албумот ”Blow Me (One Last Kiss)” исто така се наоѓа во самиот врв на листата на Билборд за поп песни за оваа седмица. Второто место го зазела компилацијата на Кање Вест ‘Cruel Summer’, која била продадена во 205 илјади примероци, а на третото место се нашол составот ”The Killers”со нивниот четврти албум ”Battle Born”, кој бил продаден во 113 илјади копии.