Албумот на контраверзниот музичар Мерлин Менсон, „Born Villain“, со кој после подолга пауза се вратил на музичката сцена, после само две седмици од објавувањето се нашол меѓу првите десет најпродавани на листата на „Билборд“.

Мерлин не го криел задоволството што неговиот албум бил продаден во 40 илјади примероци, откривајќи дека инспирација за пишувањето на песните пронашол во драмата „Магбет“ на Вилијам Шекспир и збирката песни „Цвеќиња на злото“ на францускиот поет Шарл Бодлер. Иако немал намера да ја шокира јавноста, признал дека со албумот се обидува да ги испровоцира и да ги збуни луѓето како би ги поттикнал на размислување.